Изетбеговиќ: Нема да има војна, никој нема да ја уништи РС

Претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина и претседател на СДА, Бакир Изетбеговиќ изјави дека во БиХ нема да има војна, и никој нема да ја уништи Република Српска.

– Ние ќе ја заштитиме оваа земја и Дејтонскиот мировен договор и сите граѓани, и Србите и Хрватите и Бошњаците. Никакви војни нема да има, бидејки ќе се вразумат оние во Бања Лука – рече синоќа во Брчко, каде што присуствуваше на изборниот митинг на СДА.

Тој додаде дека на никој во БиХ не му е потребна војна и дека војните почнуваат кога еднен народ ќе го доведете во позиција да некои работи веќе не може да ги толерира, а во таква позиција, никој не е во БиХ.

“Најтешко е на бошњаците повратници во РС. Да Србите во БиХ појдат во војна да би отцепиле нешто во што владеат суверено, за тоа нема логика, ниту народот ќе оди во таа насока – рече Изетбеговиќ, пренесува Блиц.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e