ХОРОР ВО ЗООЛОШКА: Го хранел лавот, а потоа животното го зграпчило за рака (ВИДЕО)

Посетителите во зоолошката градина во Пакистан биле сведоци на вистински хорор кога по вообичаено хранење на еден бел лав низ решетките на кафезот со своите заби тој ја зграпчил раката на Кануа Пирадита кој му фрлал месо.

Додека врискал од болки и се обидел да ја извлече од устата на лавот, посетителите и другите работници гледале во шок и неверување, но никој од работниците не преземал ништо за да му помогне на својот колега, пишува Дејли Мејл.

Борбата со лавот траела 40-тина секунди пред опасното животно конечно да реши да го пушти.

Видеото кое се појави на интернет сведочи за паниката која владеела меѓу оние кои во тој момент се нашле во близина на кафезот, па така може да се слушне како луѓето уплашено викаат додека повредениот маж седи крвав на подот.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e