Неколку луѓе загинаа во областите погодени од поројните поплави во југоисточна Шпанија, објави Ројтерс.
Првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека од почит кон семејствата нема да дава дополнителни информации.
Поројните дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, во вторникот ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.
Понатаму, брзиот железнички сообраќај меѓу Мадрид и источното пристаниште Валенсија беше прекинат поради штетата предизвикана од невремето на железничката мрежа.
Гардијан објави дека брз воз со 276 патници излетал од шините во јужниот регион на Андалузија, но никој не е повреден.