Голем пожар избувна во магацин во Љубљана, препорака за жителите да останат дома

Во голем магацин во една љубљанска населба ноќеска изби пожар поради што над овој дел од словенечката престолнина се шири густ чад.

На локалните жители препорачано им е да останат во своите домови и да не ги отвораат прозорците, пренесе СТА.

Огнот се прошири од палети наредени покрај зграда и го зафати магацинот на неколку фирми каде има складирани и гуми, соопшти агенцијата за цивилна заштита.

Според полицијата, пожарот избил околу 4 часот утрово, а во зградата немало никој.

Пожарникарите се обидуваат да го изгасат огнот.

Сопрен е сообраќајот на автопатот северозападно од Љубљана и во околните улици, како и железничкиот сообраќај во регионот Горењска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e