Француската полиција употреби солзавец врз демонстрантите

Француската полиција употреби денеска солзавец врз демонстрантите во градот Нант во западниот дел од земјата, за време на протестите против планираните реформи во пензискиот систем од страна на Владата на претседателот Емануел Макрон.

Солзавецот е употребен во текот на протестите организирани од трговскиот синдикат, кој е против пензиските реформи.

Нант во изминатите месеци беше центар на неколку судири меѓу полицијата и ултралевичарски радикални групи.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e