Еве во кои држави е потврдена новата варијанта на Ковид со екстремно многу мутации

Вирологот Том Пикок од Империјал колеџ во Лондон објави детали за нова варијанта на коронавирусот, истакнувајќи дека неверојатно голема количина мутации во спајк протеинот предизвикува голема загриженост.

Научниците велат дека новата варијанта на коронавирус носи екстремно голем број мутации кои можат понатаму да предизвикаат болести. Со геномско секвенционирање оваа варијанта на вирусот е потврдена кај десет случаи во три држави. Тоа предизвика загриженост меѓу научниците бидејќи бројните мутации може да овозможат вирусот да го избегне имунитетот.

Варијантата Б.1.1.529 има 32 мутации во спајк протеинот, кој е дел од вирусот што повеќето вакцини го користат за подготовка на имунолошкиот систем против коронавирусот, пишува Guardian.

Мутациите во тој протеин може да влијаат на способноста вирусот да инфицира клетки и да се шири, но и да отежнува имунолошките клетки да нападнат патоген.

Оваа варијанта прво е забележана во Боцвана на 11 ноември, каде е потврдена со секвенцирање кај три случаи, додека шест се потврдени во Јужна Африка три дена подоцна и еден во Хонгконг истиот ден.

Вирологот Том Пикок на Twitter напиша дека оваа варијанта треба да се надгледува, но додаде дека можеби станува збор за невообичаен кластер кој не е високо пренослив.

Од британската Агенција за здравствена безбедност за борба против ковид велат дека во соработка со научници ширум светот се следи развојот на новата варијанта.

„Во природата на вирусите е често да мутираат, не е необично да се појават мал број случаи со нова варијанта на вирусот. Сите варијанти кои покажуваат докази за ширење на вирусот брзо се проверуваат“, вели Мира Чанд од британската Агенција за здравствена заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e