Еве кој е напаѓачот кој уби шестмина во чешка болница!

Напаѓач рано утрово застрела шест луѓе во болница во чешка Острава.

Почнал да пука од пиштол во чекалната на Брзата помош на одделението за трауматологија околу 7 часот наутро, а на луѓето од близина им пукал во глава и врат.
по неколку часа бегство полицијата во 10:30 го лоцирала во автомобил. Напаѓачот си пукал самиот во глава и се убил.
Напаѓачот е 42-годишниот Цтираду В., кој работел како градежен техничар во градежната компанија АЗ Интергрипс во градот Опава. Тоа за чешките портали го потврдил и директорот на фирмата Алеш Зигила.

Рекол дека неговиот работник тврдел дека е тешко болен.

„Се уверил сам себе дека е тешко болен и дека никој не сака да го лечи. Одел насекаде. Последниот месец не доаѓаше на работа, пред 14 дена дојде и рече дека е на боледување. Не сакам да говорам повеќе за тоа“, изјавил Алеш Зигила за irozhlas.cz.

Директорот на болницата Јиржи Хаврлант раскажал дека напаѓачот околу седум часот наутро бил мирен во чекалницата како и сите останати пациенти, но одеднаш и без било каква причина почнал да пука.

Застрелал девет луѓе, од кои шест набрзо починале. Од тројца ранети две лица по операциите се стабилни, а за еден живот лекарите се уште се борат.

Чешките медиуми јавуваат дека пукал од илегален 9-калибарски пиштол. Потоа со Рено Лагуна тргнал накај Опава.

Полициски хеликоптер го лоцирал, а набрзо потоа си пукал во глава. Нешто по 11 часот полицијата потврдила дека напаѓачот од болницата во Острава си го одземал животот.
Истрагата која треба да ги објасни сите околности на нападот е во тек.

Пукањето во болницата во острава е втор најлош напад во историјата на земјата. Во февруари 2015 година маж влегол во ресторан во градот Ухерски брод, убил осум луѓе, а потоа и себе.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e