Добри вести за Македонците кои работат во Германија – расте минималната саатница

Со предложеното зголемување на минималната плата на 15 евра на час, што е значителен скок од сегашните 12,41 евра, се отвора ново поглавје во работничките права и благосостојба.

Оваа промена, која треба да стапи на сила во следните две години, е резултат на новиот закон на Европската Унија, кој има за цел да ја зголеми минималната заработка и да го подобри квалитетот на живот за работниците.

Министерот за труд на Германија, Хубертус Хајл, соопшти дека ова зголемување ќе има позитивно влијание на животите на околу шест милиони луѓе, што го прави овој чекор исклучително значаен за социјалната политика на земјата.

Според планот, минималната плата прво ќе се зголеми на 12,82 евра на час од 1 јануари 2025 година, а потоа ќе продолжи да расте сè до достигнување на целта од 14 до 15 евра во 2026 година.

За македонските граѓани кои веќе работат во Германија, оваа вест доаѓа како порачана.

Многумина од нив, како 25-годишниот скопјанец Иванчо Михајловски кој работи во сендвичарница близу Берлин, веќе забележуваат подобрување во своите приходи.

Со саатница од 13 евра, тој веќе заработува повеќе од просечната минимална плата, но со најавеното зголемување, неговата дневница би се искачила на над 120 евра, што е значително повеќе од сегашните 100 евра.

Оваа промена не само што ќе го зголеми стандардот на живеење за македонските работници во Германија, туку и ќе им овозможи поголема финансиска стабилност и сигурност.

Исто така, оваа мерка е важен чекор кон намалување на економските разлики и поттикнување на поголема социјална праведност во рамките на Европската Унија.

Со оглед на тоа што голем број македонски граѓани се на печалба во Германија, оваа новина е особено значајна и за македонската заедница во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e