Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген!

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген зоната од 1 јануари 2025 година. Одлуката официјално беше донесена на редовниот состанок на Европскиот совет за правда и внатрешни работи во Брисел.

Потсетуваме дека во понеделникот Австрија објави дека го укинува ветото на копнените граници. Едно од барањата на владата во Виена е контролата меѓу Бугарија и Романија да се зачува во првите 6 месеци од 2025 година, но таа да не биде 100 отсто. Од 31 март двете земји се приклучија на Шенген по воздушен и морски пат.

„Сметаме дека со денешната одлука Шенген станува посилен и поотпорен на предизвиците, бидејќи заедно можеме повеќе“, рече министерот за внатрешни работи Атанас Илков.

„Правете го ова 15 минути и ќе заработувате 11,000 денари дневно
Bitcoin Bank
Реакции од светот

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола објави коментар на социјалната мрежа Х. „Готово е. Одлучено е. Заслужено е. Романија и Бугарија целосно ќе се приклучат на Шенген на 1 јануари 2025 година. Честитки до луѓето од двете земји кои работеа напорно и копнееја за ова. Посилен Шенген значи побезбедна и пообединета Европа“, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e