Бомба скриена во детска количка го урнала рускиот авион во Египет

Експерти на меѓународната техничка комисија ја соопштија причината за падот на рускиот патнички авион во Египет минатата година.

Како што пишува рускиот весник „Комерсант“ повикувајќи се на извори блиски до истрагата, во руското летало била поставена бомба при што загинаа 224 патници и членови на екипажот.

Стручњаците утврдиле дека терористите ја поставиле експлозивната направа во карго-делот кој се наоѓа во опашката на авионот. Бомбата била сокриена во детска количка.

Експлозијата предизвикала одвојување на опашката на авионот, што предизвикало неконтролирано понирање на авионот.

Трагедијата на небото над Синај се случи на 31 октомври минатата година. Авионот „А321“ летал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e