Анкета на Ројтерс: Трамп води пред Хилари Клинтон

Демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, заостанува еден процент зад милијардерот Доналд Трамп. Ова го покажа последната анкета на Ројтерс, спроведена од 26 август до 1 септември. 40 проценти поддршка добил Трамп, наспроти 39 за Клинтон.

За републиканскиот кандидат, ова е прв пат да води на анкети на Ројтерс/Ипсос од јули 2016.

Овој резултат, според изјавите на Ројтерс е поради консолидираната поддршка кај традиционалните републикански гласачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e