70 години, откако постои ООН, нејзин генерален секретар не била жена

Поранешната шефица на кабинет на генералниот секретар Бан Ки-Мун и актуелна министерка за надворешни работи на Аргентина, Сузана Малкора, смета дека веќе подолго време е присутен сексизам при изборот за лидерската функција на ОН.

Таа за  аргентинскиот весник „Кларин“ изјави дека во ОН сè уште постои пристрасно гласање против жените, додавајќи дека и покрај истите способности, „секогаш постои мал негативн став кон жените“.

– Ако видите дека во моментов само една жена е во Советот за безбедност на ОН, американската амбасадорка Саманта Пауер, тешко е да се одржи одредено ниво на рамнотежна и еднаквост, но можеби грешам – истакна Малкора.

Откако постои Организацијата, веќе 70 години, никогаш досега нејзин генерален секретар не била жена.

Советот за безбедност на ОН се соочува со неформални апели, по осум мажи на чело на Организацијата, овој пат за нов генерален секретар да биде избрана жена.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e