Најмалку 21 лице ги загубија животите во поплавите предизвикани од циклонот Борис во централна Европа, а силно невреме сега ѝ се заканува на Италија, каде што е пронајдено телото на пожарникар, кој исчезна во поплавата.
Во поголемиот дел од Италија се издадени предупредувања за силен дожд, ветрови и поплави, јавува Би-би-си.
Веќе има извештаи за поплави во Пескара во централна Италија, а италијанската метеоролошка служба предупредува дека невремето ќе го погоди северниот брег на регионот Емилија-Ромања.