Заборавено достоинство

Сите оние што макар бегло и површно ја следат политичката реторика на претседателскиот кандидат на опозицијата Г. Силјановска, без тешкотии ќе забелажат една упадлива, брза еволуција од почетен, ултрарадикализам кон умерен, благ и толерантен реализам кои се поставаат на спротивни полови. Најверојатно, таа има многу (добри) причини за тоа. При овој повод ќе ги тргнам настрана за да да се задржам на таа брза еволуција.

Само два примера ќе бидат доволни за да ја осветлат таа брза еволуција. И двата се врзани за Преспанскиот договор меѓу Ципрас и Заев, клучна тема на кампањата на Силјановска која игра на картата (добитна?) гласно или тивко незадоволство од тој договор. Во прво време Силјановска, како и водачот на опозицијата Мицковски, беше резолутно против тој договор. Тој бил асиметричен. Тој ни не бил договор во вистинската смисла на тој збор. Тој бил диктат на една страна (Грција) која испорачува свои барња до друга (Македонија). Тој требало да биде поништен затоа што имало начин да се направи многу подобар – „достоинствен.“ Токму онака како што со месеци тврдеше опозицијата на Мицковски.

Таа ексклузивна реторика траеше до дебатната емисија на Телма меѓу Река, Силјановска и Пендаровдска. Во таа дебата Силјановска јасно и гласно рече дека таа, до колку стане претседател на РСМ, ќе го почитува словото и духот на тој договор. Со напомена дека, како приватна личност, си го задржува правото ништо да не почитува од него како „диктат“. Што практично значи тоа? Во прв ред дека почетната, ултрарадикална политичка реторика на еден претседателски кандидат која црпе сила и животворни сокови од еден архајски „автохтонизам“ (израз на Мицковски со кој, при еден повод, ја опиша политичката филолозофија на Силјановска), се напушта во полза на изразито демократска која се држа на два основни столба: строга поделба на приватна и јавна сфера кои заемно се контролираат и ограничуваат.

Тука сè уште виси (и останува да виси!) во воздух прашањето: кој е вистинскиот лик на Силјановска? Дали оној почетен „автохтонизам“ е само фасада за нејзиниот демократски дух и природа или, напротив, обратно? Дали нејзината демократска, толерантна маска треба да прибере уште некој глас на контотото на нејзиниот „автохтонизам“? И тие прашања ги тргам настрана за да се задржам на вториот пример. Долго време г-ѓа Силјановска тврдеша дека договорот меѓу Ципрас и Заев бил еден договор кој удрил силно и безобѕирно против “достоинството“ на цел еден народ. Дека го разнишал неговото „сетилно битие,“ кажано со речникот на ресенчанецот Симеон Радев. Или, накусо, дека го фрлил под нозе, дека го згазил тоа – „достоинство.“ Сите тие силни зборови кои потпалуваат и будат бес г-ѓа Силјановски ги замени, на големиот митинг во Скопје, со еден друг. На тој митинг рече дека тоа „достоинство“ било повлечено во сенка.

Или, како што самата се изрази, било „заборавено“. Која е разликата меѓу едено “заборавено“ и „згазено“ достоинство од словото и духот на еден политички договор? Разликата е огромна. Погазено и згазено достоинство е поништување на онаа основна вредност која прави човек од – секој човек. Едно повлечно или, како што рече Силјановска, „заборавено“ достоинство ни оддалеку не е згазено и уништено (dementio memoriae) достоинство. Напротив, со простиот факт што е повлечено во сенка, што е „потиснато,“ тоа само добива на сила и енергија. Впрочем, многу добро се знае дека „заборавот“ не е негација на „помнењето.“ Ниту пак второто е е негација на првото. Само “бришењето“ уништува “помнење“ (меморија), било индивидуално, било колективно. Тука повторно виси (и останува да виси!) во воздух прашањето: дали таа најнова еволуција во воинствената политичка реторика на пртседателскиот кандидат Силјановска е плод на спонтан изблик на нејзината интимна мисла која била потисната за атер на нејзиниот почетен ултрарадикалзам или пак плод на лоша концентрација за која даде доста докази досега?

Или, која Гордана зборува вистина? Она што мисли дека Заев згазил достоинство кога потпишал договор со Ципрас, или пак онаа што вели (како сега), дека тој само наменски, заради некои повисоки цели го – „заборавил“? Што и да е во прашање, едно останува сигурно: Силјановска не држи којзнае колку до своите зборови! Иако има полна уста отровни критики кон сите оние (особено Заев!) кои, како што вели, едно зборуваат, друго мислат, а трето – прават! Е, сега, дали таа најдобро работи во полза на својата штета, ќе покаже гласањето.

Атанас Вангелов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e