Виктор и Никола: Историја на една долга врска од интерес

Што имаат заедничко Виктор Орбан и Никола Груевски? Што е она што толку го задолжи унгарскиот премиер за тој да му пружи засолниште на озлогласениот балкански автократ? Врските меѓу Груевски и самопрогласениот заштитник на христијанството во Европа одат многу подлабоко од последната владејачка декада на актуелниот македонски бегалец од правдата.

Автор: Сашка Цветковска, Истражувачка Репортерска Лабораторија – Македонија. Сторијата е изработена во партнерство со НОВАТВ.

И двајцата не сакаат бегалци – муслимани. И двајцата имаат заеднички замислен непријател – милијардерот Џорџ Сорос. Зборот „либерал“ го употребуваат со негативно значење. И двајцата отворено демонстрираа дека се против демократските вредности воопшто. Ги нарекуваат популисти и автократи. Користеа речиси идентичен модел на корумпирање на медиумите – владини реклами. И двајцата ја добиваат првата премиерска функција на свои 35 пет години.

Почетокот на едно долго пријателство

Никола Груевски првпат добива избори и прилика да ја води Македонија во 2006 година. Речиси една деценија порано, Виктор Орбан првпат станува премиер во 1998 година со мандат до 2002-та и со тоа станува најмладиот премиер во Унгарија. Истата година, Македонија го бира својот втор најмлад премиер во историјата – Љубчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, мандатарот кој за свој министер за финансии го одбира токму Никола Груевски.

Првите зделки кои ги вклучуваат двете држави се случуваат за време на приватизацијата на акционерско друштво „Македонски Телеком“. По приватизацијата на унгарскиот телеком во доцните 90ти, најголемиот унгарски телекомуникациски оператор „Маѓар Телеком“ – фирма подружница на „Дојче Телеком“, се впушта во нова стратешка авантура – пробивање на пазарот во Југоистична Европа. „Маѓар Телеком“ ги купува дотогаш државните телекоми во Црна Гора, Романија, а во 2001 година под водство на Груевски како министер за финансии се продава и Македонскиот Телеком. Телекомот се продава за 350 милиони евра со загарантиран монопол од четири години, бидејќи Македонија се обврзува пред ЕУ дека од 1. јануари 2005 година ќе има комплетно либерализиран телекомуникациски пазар. Но, во 2004 година новиот закон за телекомуникации се одложува, а неколку години подоцна се обелоденува аферата „Телеком“. Се открива дека Унгарците во тоа време поткупувале политичари и од власта (СДСМ) и од опозицијата (ВМРО-ДПМНЕ) со цел да ја одложуваат либерализацијата и да го продолжат монополот од којшто штета видоа македонските граѓани кои многу долго плаќаа скапи импулси.

Во 2015 година со сведоштвата на Слободан Богоевски и новинарските истражувања се сугерираше дека компанијата за маркетинг и истражување „Аналитико“ основана од речиси половина од членовите на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, склучила сомнителен договор со Маѓар Телеком за услуги кои одат преку наменски формирани компании за исплаќање на поткупот со фиктивни договори. Договорот е потпишан непосредно пред Груевски да ја преземе власта во 2006 година, односно во мај или еден месец пред изборите, на кои на човекот кој ја осмисли приватизацијата на Телеком му се даде доверба која траеше повеќе од 10 години. За потсетување, Аналитико не беше било чија фирма, туку фирма на идните највидни функционери и најлојални луѓе на Груевски како Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Елизабета – Канческа, Кирил Божиновски и други лица познати на македонската јавност.

Како обвинителот од доверба ја скрои истрагата по мерка на Груевски

За секоја политичка партија е сон да доведе пред суд високи профили на политичари кои се огрешиле за време на власта. Но, кога срамот ги преминува границите и аферата „Телеком“ завршува пред Окружниот суд во Њујорк, се чини дека на правосудството на Груевски не му се брза да го гони поранешниот премиер на СДСМ, Владо Бучковски, за поткуп во аферата „Телеком“. Додека судот во Њујорк на обвинителната клупа ги седнува директорите на унгарскиот Телеком,  а потоа и парично ги казнува во процес во којшто тие признаваат вина, македонскиот обвинител Марко Зврлевски поднесува кривична пријава против Унгарците Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишиус од Македонски телекомуникации. Обвинет беше и член на Одборот на директори на „Каменимост комуникации“ и претставник на кипарската „Чаптекс“, Михаил Кефалојанис, но тој е мистериозно изземен од обвиненето.
Македонските органи на прогонот никогаш не ја довршија истрагата за корупцијата во „Телеком“ и никогаш не обвинија ниту еден македонски државјанин. Имаше обид и Специјалното јавно обвинителство да го преземе случајот „Телеком“, но тоа не се случи.

Целата истражувачка сторија прочитајте ја на следниов ЛИНК.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e