Ван де Бик мисли само на Ајакс

Играчот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бик, уште еднаш ги негираше гласините за трансфер во Реал Мадрид. Шпанскиот гигант, наводно, е подготвен да плати 55 милиони евра за правата на 22-годишниот Холанѓанец.

„Повторно велам – засега не мислам за трансфер. Фокусиран сум на претстојниот натпревар во Лигата на шампионите со Ајакс“, рече ван де Бик, цитиран од „АС“.

Оваа сезона играчот има 14 натпревари и 5 гола за Ајакс во холандското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e