Поради слабата форма, ПСЖ му додели кондициски тренер на Нејмар

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар тренира одделно од тимот пред натпреварот во Купот на Франција со Монако. Според тимот, Бразилецот е ангажиран со тренер за физичка подготовка бидејќи клубот не е многу задоволен од неговата форма на последните два натпревари.

Покрај тоа, Маркињос и Тома Муние го пропуштија последниот тренинг, но тоа се должи на тоа што тренерскиот штаб им даде одмор по натпреварот во Лигата на шампионите против Реал Мадрид (2:2).

Дефанзивецот Хуан Бернат пак во изјава за медиумите посочи дека Нејмар останува лојален на клубот. Според него, критиката кон Бразилецот е неоснована.

„Тој е сто процентен лојален. Тој има тежок период поради повреда, има потреба од натпревари за да влезе во оптимална форма. Ова е нормално. Се разбира добро со сите нас, сè е во ред“, рече Бернат.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e