По победата над Шефилд, Гвардиола постави рекорд во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вчеравечер постави рекорд во Премиер лигата, откако неговиот тим го совлада Шефилд јунајтед во натпреварот од 20. Коло со 2:0.

За Шпанецот ова беше стотата победа во англиското првенство. За да стигна до оваа бројка му беа потребни само 134 натпревари. Ова е најдобриот резултат во историјата на англиската Премиер лига.

Претходното ваквото достигнување беше 142 натпревари и му припаѓаше на Жозе Мурињо (Челзи).

По Гвариола и Мурињо следуваат Јирген Клоп (Ливерпул, 159 натпревари) и Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед, 162 натпревари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e