Освои сребро но со гестот што го направи се плаши да се врати назад во Етиопија

Фејис Лилес го освои сребрениот медал на Олимписките игри но му е страв да се врати во својата земја – причина е  симболот кој го направи на крајот од трката.

Со кревање на рацете на главата и нивно прекрстување, олимпиецот го покажа еден од  главните симболи на протестот против владата на Етиопија.

Сеуште не знае каде ќе оди по Рио, но како можни дестинации се САД и Кина.

“Ако се вратам во Етиопија или ќе ме убијат или ќе ме стават во затвор” – изјави Лилес кој воедно стравува и за судбината на неговото семејство кое се наоѓа во Етиопија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e