Меси нема да присуствува на ФИФА наградите – Eве кои се фаворитите!

Мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси, нема да присуствува на денешната церемонија за доделување на награди ФИФА, рече Мундо Депортиво.

31-годишниот Аргентинец беше најавен за настанот, но од лични причини во последен момент откажа учество.

Меси е номиниран за најубавиот гол на годината, но не е меѓу трите финалисти за титулата најдобар играч на годината.

Церемонијата е вечерва во Лондон. Трите кандидати за победници се Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ