Лино Червар минува низ тежок период – неговата сопруга е болна од рак!

Познатиот хрватски тренер Лино Червар (68) деновиве поминува низ тежок период од неговиот живот. Неговата сопруга Клаудија (67) има тумор.

Ја водиме најтешката животна битка. Не е лесно кога е болен некој кој толку многу ви значи. Морам да бидам покрај неа во овие тешки моменти бидејки таа секогаш беше тука за мене. Тоа е жена која е заслужна за сите мои успеси. Се што постигнав во животот, на неа треба да и заблагодарам. Се надевам и верувам како на крајот, со помош на Господ ќе ја добиеме оваа битка. На крајот се ќе биде добро , изјавил Червар за 24sata.hr.

Дека поминува низ тежок период на почетокот знаеле само најблиските, но сега и целата јавност. Од клубот имале разбирање за неговата состојба.

-Застанаа зад мене веднаш штом се дозна. Кажав дека ќе пропуштам некои од гостувањата. Ќе бидам покрај играчите на сите гостувања на Лига на шампиони, но ќе пропуштам некои во СЕХА лигата, рекол тренерот.

Лино и Клаудија се заедно 40 години а се запознале на танц.

-Во наше време важните денови се одбележуваа со танцови а ние младите момчиња таму идевме да најдеме девојки. Но, таа вечер таа ме улови мене. Прво ми рекоа дека ме гледа а потоа кога поминуваше покрај мене ме повика на танц. Замисли девојка да те повика на танц. Тоа не ми се допадна баш, дури и се распрашував подоцна која е таа девојка толку слободна да ме повика на танц.

Кога дознав која е за малку ќе си го прегризев јазикот, прерано ја дијагностицирав. Многу брзо сфатив дека Клаудија е вистинската личност за мене. Во животот има две важни работи – семејството и ракометот. Работев 23 години во странство и се што заработив е за моите две ќерки и пет внучиња, изјавил тренерот за 24sata.hr .

Червар за Металург: Во Металург бев дел од една прекрасна ракометна приказна

Тренерот на ППД Загреб, Лино Червар имаше емотивно потсетување на времето кога работеше во Металург. Неговиот сегашен клуб, во дуел од петтата СЕХА рунда ќе го пречека тимот од Автокоманда каде Червар работеше осум години.

– За првпат ќе го водам својот тим против екипа на чија клупа минав осум години. За мене сето тоа ќе биде многу емотивно. Тоа беа прекрасни години, бидејќи во Скопје доживеав многу убави денови и носам многу убави спомени. Не само затоа што двапати игравме во четврт-финалето на Лигата на шампионите, ниту поради освоените четири првенства и три Купа, туку поради тоа што бев дел од една прекрасна ракометна приказна.

Хрватскиот ракометен стручњак го посочува Металург како база за создавање млади играчи.

– Тоа е приказна за клубот, кој, иако со послаба платежна моќ, сите овие години успева да биде најголем расадник на македонските ракометни таленти. Тоа е приказна за клубот кој дава 90 отсто во кадетска, јуниорска и сениорска репрезентации на Македонија и е жив пример, за сите што плачат дека нема пари, како со волја, ентузијазам и желба можат да се надминат сите проблеми. Во однос на Вардар, Металург работи во многу поскромни услови, но од поодамна е препознатлив како македонски бренд и македонски производ, истакнува Червар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e