Кочов пред мечот со Сплит: Ќе направиме сè што можеме да ја доведеме средбата во тесна завршница

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, утре од 19 часот во „Јане Сандански“ го пречекуваат некогашниот европски првак Сплит, а тренерот Ѓорѓи Кочов, смета дека „жолтите“ се најдобра екипа во АБА 2 лигата.

„На гости ни доаѓа екипа која според мене е најдобра во АБА 2 лигата. Ако ги споредите моментните состави на двата тима, ќе сфатите дека ќе биде борба на Давид и Голијат. Ќе направиме сè што можеме да ги подготвиме играчите и средбата да ја доведеме во тесна завршница, изјави тренерот на тимот кој има само еден пораз по пет кола, додека Сплит има три победи и два порази. 

МЗТ ќе биде ослабен по заминувањето на крилниот центар Нуни Омот. Клубот го ангажираше бекот Ерон Херис и бара квалитетно засилување на центарските позиции, но против Сплит нема да има ниту нов центар, ниту Херис ќе може да настапи. 

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e