Киелини: Ова е најсилниот Јуве во последните 8 години

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини е уверен дека со привлекувањето на Кристијано Роналдо Јуве располага со најсилниот тим за последните осум години.

Роналдо постигна еден од головите за победата со 2:0 над Фросиноне и Јувентус е убедлив лидер во Серија „А“ со 15 поени од 5 дуели.

„Сите очекуваме од Роналдо да постигнува голови. Тој имаше лош момент со црвениот картон во Лигата на шампиони, но тој останува клучен играч за нас. Можам да кажам дека овој тим на Јувентус е најсилниот во последните осум години“, рече Киелини по успехот над Фросиноне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e