Халанд на мета на Наполи

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи сака да ги има во своите редови, играчот на Салцбург, Хaланд и членот на Генк, Берж, јавуваат италијанските медиуми.

Според „Ла газета дело спорт“, неаполскиот клуб сериозно е заинтересиран за напаѓачот Ерлин Брут Хaланд и играчот од средниот ред Сандер Берж.

За првиот од нив, клубот е подготвен да плати 40 милиони евра, за вториот – 20 милиони.

Деветнаесет годишниот Халанд оваа сезона има одиграно 18 натпревари за Салцбург и постигна шест гола со шест асистенции.

Дваесет и едногодишниот Берж постигна два гола на 20 натпревари за Генк.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e