Екипата на ППК Крива Паланка победник на супер лигата во пинг – понг

Екипата на Пингпонгарски клуб Крива Паланка на супериорен начин со 20 овосезонски победи е нов државен првак во сениорската пингпонарска лига откако во финалниот натпревар, на гостински терен ја победија екипата на Младост’ 96 од Прилеп со резултат 4:2.

До својата прва титула во машка конкуренција, екипата на ППК Крива Паланка дојде на најубедлив можен начин без ниту еден пораз, со биланс од 18 победи од исто толку натпревари во регуларниот тек од сезоната, надополнето со победата против екипата на Телеком Нец од Скопје во полуфиналето како и во големото финале против Младост’ 96.

Беше неверојатен меч, полн со драматични и возбудливи натпревари кои на крајот за среќа донесоа победа за нашата екипа. Среќни сме што за прв пат ја освојуваме машката супер лига и оваа тутула е мотив плус од следната сезона да го следиме примерот на женската екипа која е најтрофејна во историјата на македонскиот пинг понг, велат од ППК Крива Паланка.

За екипата настапија државниот првак, Кристијан Станојковски, интернационалецот од Србија, Џорџе Петровиќ, младиот Александар Јакимоски како и кривопаланчанецот Роберт Стаменковски кој со години работи како тренер во најдобриот клуб во Италија.

Инаку, женската екипа на Крива Паланка викендот игра со екипата на Зегин Берово во директен дуел за одбрана на шампионската титула од претходната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e