Браќата Маркез од следната сезона заедно во Хонда

Тимот Репсол Хонда соопшти дека следната сезона, во Мото ГП шампионатот во мотоциклизам, за нивниот тим ќе возат браќата Марк и Алекс Маркез.

Алекс тргнува по стапките на неговиот брат, кој истотака во Хонда дојде како првак во Мото 2. Договорот на Алекс Маркез е на една година, па дефинитивно ова ќе биде не само првиот, туку и најсилниот и најтрофеен братски тандем во историјата на овој спорт.

Марк Маркез е осумкратен светски шампион, а годинава клупски колега му беше Хорхе Лоренцо, кој неодамна објави повлекување.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ