Анри: Останува прашањето дали ќе се најде екипа која ќе ги победи Ливерпул

– Поранешниот капитен на Арсенал, Тиери Анри смета дека Ливерпул ќе стане шампион на Англија во сезоната 2019/20 и може да ги помине сите 38 натпревари без пораз. Во моментов, тимот на Јурген Клоп има 1 реми и 18 победи на 19 натпревари.

– Мислам дека оваа екипа може да оди без пораз и останува прашањето дали ќе се најде екипа која ќе ги победи. Мислам дека прашањето околу тоа кој ќе го освои трофејот е затворено, бидејќи тие оваа сезона се многу посилни од сите други, изјави Анри.

Арсенал со Анри во составот е последниот клуб ја одигра цела сезона во Премиер лигата без пораз. Тоа се случи во сезоната 2003/04 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e