Агуеро сам ќе одлучи дали ќе го продолжи договорот, изјави Гвардиола

– Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека напаѓачот Серхио Агуеро ќе одлучи сам дали ќе го продолжи договорот, кој истекува во 2021 година.

На 355 натпревари за „граѓаните“, Агуеро постигна 244 погодоци, вклучувајќи го и веќе легендарниот против Квинс Парк Ренџерс во 2012 година, кога клубот од „Етихад“ ја освои титулата во Премиер лигата за прв пат во својата историја. 31-годишниот фудбалер сега влегува во последните 18 месеци од неговиот договор и Гвардиола е свесен колку е тешко за Сити да го замени Агуеро.

– Јас би рекол дека ова ќе биде една од најтешките задачи, бидејќи тој е незаменлив. Имаме неверојатен напаѓач во лицето на Габриел Жесус и можно е уште еден да дојде откако ќе замине Серхио, но тој е незаменлив. Мислам дека дека најважниот момент во историјата на клубот беше кога Агуеро постигна гол против КПР и ја освои првата титула на клубот. Не е лесно е да се најде играч со статус, карактер и достигнувања што ги постигнал, и да остане смирен. Дали тој ќе потпише нов договор? Не знаеме. Можеби тој ќе остане. Тоа зависи од неговата физичка состојба и неговата желба, но јас не сум разговарал со него и не ги знам неговите намери. Порано или подоцна тоа ќе се случи и тој ќе одлучи сам. Она што ќе го направам е сигурен дека клубот ќе биде подготвен да се обиде да најде замена за Серхио, но тоа нема да биде лесно, секако. Фудбалерите како Агуеро сами одлучуваат за својата иднина, рече Гвардиола, цитиран од Скај Спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e