Зоки „Фаци“ лут на Лила: Ѝ помогнав многу, а таа не ми даде ексклузива

Новинарот Зоран Василевски во јавноста познат како Зоки-Фаци, во поткаст на платформата „Јутјуб“, вчера изјави дека тој собирал донации за лекувањето на една од најпознатите водителки во Македонија, Лила Стојановска, која пред неколку месеци сподели во јавноста дека и бил дијагностициран канцер, со кој се борела повеќе од една година, по што го победила.

„Со Лила се знам долги години, она не ми мора да го признае тоа јавно, ама и помогнав многу во животот. Од…да не ги бројам сега, до болести, до чуда. Ако Лила беше мангупка во животот, кога ја излечи болеста, требаше да каже, Зоки ти беше со мене целото тоа време, отпочетокот, кога ми го дијагностицираа канцерот, па до оздравување, тебе ќе ти ја дадам ексклузивата. Не ми ја даде“, изјави Василевски.

„Јас сум помогнал. Требаше да каже, тебе ќе ти ја дадам ексклузивата. Па ја даде на „Backstage“, jас не и се лутам. Едноставно, тоа е Лила, така решила. Дури на таа насловна што беше на „Убавина и здравје“ е платена од мене“, додаде Василевски.

Водителката Лила, ексклузивно, за нејзината приказна со борбата со канцерот проговори за „Убавина и здравје“, пред неколку месеци, каде се најде на насловните страни од списанието.

„Канцерот ми го смени животот, но не и мојата вредност. Првпат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам туку да ви кажам дека го победив тоа зло после години и кусур борба, и дека сум тука за да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте, канцерот не е непобедлив. Јас сум доказ“, изјави тогаш водителката Стојаноска.

Оваа реакција на Василевски е неочекувана за многумина, коментира јавноста. А пак, oд друга страна, досега водителката јавно не се огласила со контра коментар на изјавата на Зоки Фаци.

За потсетување, Зоран Василевски и Лила Стојановска важат за долгогодишни пријатели. Досега, повеќепати на социјалните мрежи споделувале заеднички фотографии од дружби, веселби и прослави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e