Титула која не ја очекуваше: Зендаја е најмоќната жена на годината

Според оценките од магазинот GQ, актерката Зендаја (23) е прогласена за најмоќна жена на годината. Судејќи според реакцијата на актерката, се чини дека таа не се надевала на оваа титула и дека изборот ја изненадил.

Откако се појави, таа само нижи успех, по успех, а нејзината харизма е тоа што плени. До сега неколку пати е прогласувана за модна икона.

За време на подигање на наградата, таа рекла:

„Жена на годината. Тоа е помалку лудо со оглед на тоа дека имам само 23 години и дека и понатаму се обидувам сама да сфатам како да станам млада жена. Некогаш имам чувство дека само одам, одам и одам и сметам дека многу млади жени можат да се поистоветат со мене“, го започнала својот говор.

„Некогаш се чувствувам дека толку многу работам што заборавам на својот живот и како навистина да бидам присутна во овие моменти кога можете да погледнете околу себе и луѓето кои ги цените и едноставно да бидете тука во тој момент. Тоа всушнот е она што ќе го направам. Ќе земам една секунда, ќе погледнам околу себе и ќе бидам како: ‘По ѓаволите, ова навистина се случува. Навистина кул’“.

View this post on Instagram

🖤

A post shared by Zendaya (@zendaya) on

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e