Жељко Ражнатовиќ Аркан (48), командант на Српската гарда на доброволци, убиен е во хотелот „Интерконтинентал“ на 15 јануари 2000 година. Во нападот врз Аркан животот го загубија неговите телохранители Миленко Мандиќ Манда (44) и Драган Гариќ (47).
Со Аркан во белградскиот хотел беа и неговата сопруга Светлана Ражнатовиќ Цеца и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, кои за време на атентатот се наоѓаа во бутикот во непосредна близина.
Два месеца по убиството на Аркан, на 6 март 2000 година, во исказот што го даде пред истражниот судија, Цеца до детали опиша што се случило тој кобен ден кога беше убиен нејзиниот сопруг.
По доаѓањето во хотелот, сите отидовме во бутикот La France, а половина час подоцна Жељко излезе да го најде пријателот Манда. Со сестра ми ги посетував своите бутици и поминував покрај сепарето во кое Жељко седеше со Манда и Гариќ. Во еден миг, покрај него седеше и Бранко Јевтовиќ Јорга, а кога дојдов следниот пат, го немаше таму. Малку седнав покрај сопругот и отидов во La France”, раскажала Ражнатовиќ.
Цеца истакна дека ги познавала двајцата осомничени – Драган Николиќ Гаги, кој подоцна беше осуден на 30 години затвор, и Дејан Питулиќ,кој ранетиот напаѓач Добросав Гавриќ го превезол во болница.
Тие двајца тој критичен ден не беа во Интерконтинентал, односно, јас не ги видов“, изјавила Цеца, која се обидела да го реанимира својот сопруг додека крвта му течела од устата.