Сопругата на Боуви: Беше ова една тешка година за мене!

Смртта на Дејвид Боуви најмногу ја погоди неговата сопруга Иман. Таа за прв пат по смртта на нејзиниот маж прозборе и призна дека годината што измина била тешка за нејзе.

Кога се појави на ревијата на Том Форд на Њујоршката недела на мода, околу вратот носеше ланче со името на нејзиниот сопруг, Дејвид.

“Ќе го носам ова до мојата смрт”, рече за Телеграф, Иман.

Таа на својот инстаграм профил објави слика и му се заблагодари на Том Форд што и го овозможил првото излегување оваа година.

Иман и Боуви беа во брак 24 години.

iman

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e