Роберт де Ниро со погрдни зборови за Доналд Трамп

Како што се ближат изборите во САД, се повеќе јавни личности почнаa јавно да говорат за кандидатите, особено за Доналд Трамп. Последен во низата беше холивудскиот актер, Роберт де Ниро.

Американскиот актер  упати серија критики до републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп, пишува весникот „Фигаро“.

– Доналд Трамп е беден, тој е куче, свиња, дно, актер за во отпад, противречен човек, кој не знае што зборува, кој не ги проучува темите, за кои зборува, кој не се грижи за ништо, кој не плаќа даноци, изјави Де Ниро за телевизијата Фокс њуз.

– Тој е еден идиот. Но всушност Колин Пауел го кажа најдоброто: Трамп е национална катастрофа. Тој е срам за нашата земја, додаде Де Ниро.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e