Последниот Божик: Три години од смртта на легендарниот пејач

На Божик пред точно три години почина Џорџ Мајкл. Познатиот музичар тогаш имаше 53 години, а веста за неговата смрт ја објави неговиот ПР, откривајќи дека пејачот починал во својот дом.

Многумина во неговата смрт на самиот Божик видоа симболика поради еден од неговите најголеми хитови, песната Last Christmas, што често се споменуваше во бројните проштални пораки на неговите колеги, фанови.

По смртта на пејачот започна агонијата на неговото семејство и блиските пријатели.

Следеше повеќемесечна истрага, бројни нагаѓања меѓу кои се спомнуваше и самоубиство и осомничен беше неговиот љубовник. Тек после три месеци по смртта се открило дека причината била ослабнато срце и оштетен црн дроб. Дури тогаш музичарот можел да биде погребан.

Милионски успех и тага

Иако кариерата му започнала во осумдесетите како член на мегапопуларната група Вхам, а потоа и како соло изведувач. За време на кариерата, во светот продал преку 100 милиони албуми, а неговиот соло првенец Faith бил продаден во повеќе од 25 милиони примероци и го претвори во светска сензација, нешто со што Мајкл никогаш не научил да се носи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e