Ја изгуби битката со ракот: Почина Мари, пејачката на Roxette

Мари Фредриксон, вокалот на една од најпознатите шведски и светски групи Roxette, почина на 9 декември, на возраст од 61 година, објавија швбедските медиуми.

„Мари Фредриксон ја оплакува сопругот Микаел Болјос и нивните две деца“, пишува шведски Експрес.

„Со голема тага во срцето ви соопштуваме дека една од нашите најдобри пејачки почина на 9 декември од болеста со која долго време се бореше“, се наведува во соопштението за јавноста.

Мари боледуваше од тумор на мозокот уште од 2002 година, неколкупати се оперираше и одеше на лечење. Дури и за време на рехабилитацијата таа продолжи да снима како соло-артист, издавајќи два албума и еден успешен сингл.

Потоа заедно со Пер Гесл се обединија како Roxette и заминаа на светска турнеја. По турнејата, во 2013 сними уште еден соло-албум на шведски јазик.

Таа во доцните 80-ти неколкупати беше прогласена за најдобар женски шведски изведувач, доби и награди за најдобар шведски албум, а со Roxette успеваа да достигнат платинасти тиражи на нивните албуми.

Нејзиниот колега Гесл по веста за смртта на Мари напиша: „Ти ми беше најпрекрасниот пријател изминативе 40 години. Нештата веќе никогаш нема да бидат исти.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e