„Игра на тронови“ ја освои наградата Еми втора година по ред, со што стана најнаградена ТВ серија, емитувана во ударни термини.
„Veep“ е прогласена за најдобра комедија, а нејзината ѕвезда, Џулија Луис Драјфус освои шест Еми како најдобра актерка во тој жанр.
Џефри Тамбор е најдобар актер за улогата во „Транспарент“, негова втора Еми награда.
Во силна конкуренција, за најдобри драмски улоги Еми освои Рами Малек за улогата „Мр.Робот“ и Татјана Маслејн за „Орфан Блек“.
„Игра на тронови“ е снимена по романот Џорџ Мартин, и освои вкупно 12 награди со што стана најнаградена серија досега.
За поврзани вести продолжете надолу