Деновиве како гром од ведро небо одекна веста за разводот на Даниел Кајмакоски и неговата 13 години помлада сопруга, поранешната манекенка Кристина Димитријевска.
Пејачот реши за Бекстејџ да ја потврди разделбата притоа објаснувајки ги причините за ваквата одлука.
Деновиве не реагирав на објавените новости за мене само поради една причина, Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста, но за се’ има вистинско време. Јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зашто знаеме дека е тоа најдоброто за нас. Најважно ни е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители.Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината.Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак за никој од нас не е лесен овој период, откри пејачот.
Инаку, Кајмакоски и Кристина беа во брак околу две години, а пејачот во моментов, покрај обврските околу синот, е фокусиран и на кариерата, па така наскоро јавноста ширум регионов ке има можност да чуе неколку негови нови теми, а истите премиерно ке бидат прикажани во Бекстејџ.