Тутунопроизводство: Има расположение за корекција во делот на цените од откупните центри

Тутунопроизводството е традиционална гранка во македонското земјоделство и ние со особена грижа во овие 4 години приоѓаме кон тој дел и затоа го воведовме новиот систем на субвенционирање по класи т.е поквалитетниот тутун да добие повеќе субвенции-80 ден I класа, 70ден II класа и 60 ден III класа. Тоа значи зголемена поддршка околу 5 милиони евра повеќе пари секоја година кај тутунопроизводството и активно постојано го следиме целиот откуп, рече министерот Николовски на МРТВ во емисијата Аграр.

Доаѓа периодот кога завршува откупот, се склучуваат новите договори, ќе влеземе во разговори овие денови со откупните претпријатија. Има расположение за корекција во делот на цените од откупните центри, меѓутоа ќе разговараме партнерски и со тутунопроизводителите и со откупните претпријатија, додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e