ЗНАЧАЈНИ СРЕДБИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКОТО ПРИЈАТЕЛСТВО Македонски пратеници престојуваат во САД преку програмата Open World

Македонската делегација составена од пратеници од четирите парламентарни партии го продолжува учеството во програмата Open World на Конгресот на Соединетите Американски Држави.
– Уште три значајни состаноци во американскиот Конгрес во Вашингтон со конгресмените Congresswoman Norma Torres, Joe Wilson и Robert Aderholt каде ја истакнав важноста на силната билатерална поддршка од САД, заедничкото партнерство во НАТО и стратешкиот дијалог. Особено задоволство ми беше средбата со конгресменот Адерхолт кој пред се е голем пријател на Македонија и долгогодишен познавач на Балканот со кого разговаравме за евроатлантската интеграција и американската поддршка за реформите. Исто така, побаравме вклученост на САД во процесот на поддршката на нашата европска перспектива сега кога е моментот на проширувањето, истакна пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
755668238_2023975895175996_1071643440234941946_n
Тој потенцира дека особено значајна била средбата со конгресменката Норма Торес, поддржувач на демократијата, владеењето на правото и човековите права.
– Таа има силна улога во креирањето на програмите преку кои САД ги поддржуваат своите партнери, вклучително и Северна Македонија и земјите од Западен Балкан. Ми беше особена чест да присуствувам и на сесијата на Комитетот за надворешни работи во американскиот Конгрес. Присуството овде во Вашингтон, создавањето нови пријателства и контакти придонесува за јакнење на македонските позиции во светот, изјави Николовски.
754960861_1577452370415260_3563100723475431508_n
756347772_1577452400415257_1282943694596726339_n
753983907_1577452327081931_6839039424898724243_n
 – Со овие средби ја заокруживме посетата на Конгресот на САД. Имавме можност да разговараме и со шефот на кабинетот на сенаторката Susan Collins, најдолгогодишната републиканска сенаторка, со директорот на кабинетот на независниот сенатор Angus King, а ја посетивме и канцеларијата на демократската конгресменка Congresswoman Chellie Pingree во Портланд.
Без разлика дали станува збор за републиканци, демократи или независни сенатори, едно е заедничко – нивните канцеларии функционираат како вистински сервис за граѓаните. Достапноста, отвореноста и секојдневната комуникација со луѓето не се само политичка култура, туку и клучна причина за довербата што ја уживаат кај своите избирачи. Тоа е лекција која секоја демократија вреди да ја следи, подвлече Николовски.
759717113_1579974110163086_4426041883061806453_n
758280749_1579974143496416_6238404116203922986_n
759253446_1579974150163082_4626993464019467218_n
758943890_1579974113496419_8993878095578223373_n
Македонската делегација работната посета на САД ја продолжи во Портланд, во сојузната држава Мејн.
На Универзитетот на Јужен Мејн биле остварени состаноци со повеќе организации на лобисти, со Дека Далак – првата градоначалничка со сомалиско потекло во историјата на САД, како и со Џонатан Вејн, извршен директор на Комисијата за владина етика и изборни практики.
758134138_1581123306714833_8037670413660726841_n
758765237_1581123313381499_7515955065540716128_n
759965006_1581123340048163_9192035823258784864_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e