Жерновски до Панчевски: Има ли поголем срам од тоа да си претседател на суд и да градиш на диво?

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, реагира на изјавата на претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кој кажа дека планира на еден од столбовите на неговата градба во Центар, за кој овластениот инспектор констатираше дека има изградено два спрата без дозвола, да постави плоча на срамот за идните генерации да се потсетуваат, како што вели, на градоначалникот кој бил елементарна непогода.

Еве што напиша Жерновски:

Владимир Панчевски ќе поставел плоча на срамот, бидејќи општина Центар му ја срушила дивоградбата. Претседателот на скопскиот кривичен суд вели: „Во план ми е на еден од столбовите да поставам плоча на срамот за идните генерации да се потсетуваат на градоначалникот кој бил елементарна непогода“.

Жално и смешно, истовремено. Има ли поголем срам од тоа да си претседател на суд и да градиш на диво. Не верувам дека во било која друга држава има сличен пример. За такво нешто не мора плоча. Ќе памети Македонија и без тоа, бидејќи вакви преседани не се забораваат.

Oпштина Центар поднесе кривична пријава за Владимир Панчевски и уште двајца инвеститори, поради дивоградбата во центарот на Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e