Зголемен ризик од семејно насилство за време на пандемијата – Еве каде да се пријави!

Пандемијата на КОВИД 19 отвори многу прашања на општественото живеење, меѓу кои неизбежно е прашањето дали во услови на изолација, некои се поранливи од останатите?

Сите се соочуваме со големи психолошки предизвици преку изолација или карантин, но жените, а понекогаш и децата во небезбедни домови се соочуваат со зголемен ризик од насилство.

Затоа, посветуваме особено внимание на ова прашање и ги прошируваме нашите активности за да ги заштитиме жените и децата од секаков облик на насилство.Можеме да ве поддржиме за да ја зголемите вашата безбедност. Можеме да ви помогнеме да најдете место засолниште или други специјалистички услуги, порачуваат од Министерството за труд и социјална политика.

КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?

Имате право на помош, поддршка и заштита од семејно насилство, да биде информирана од службените лица за своите права, мерките за заштита и постапките за остварување на истите, како и за достапните услуги за помош и заштита.

МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА:

обезбедување нужно сместување за лицето-жртва на насилство, кое може да трае најмалку 6 месеци, со можност за продолжување за уште 6 месеци;
обезбедување соодветна здравствена заштита;
обезбедување соодветна психо-социјална интервенција и третман;
упатување во соодветно советувалиште;
доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжување на редовното образование;
известување органот за прогон;
давање секаков вид на правна помош и застапување;
покренува постапка пред надлежниот суд;
по потреба поднесува барање до судот за изречување на привремена мерка за заштита и
преземање други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот.
ДОКОЛКУ СТЕ ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО КАДЕ МОЖЕТЕ ДА ПОБАРАТЕ ПОМОШ?

КАКВА ПОМОШ И ПОДДРШКА Е ДОСТАПНА ЗА ВАС И ВАШИТЕ ДЕЦА?

ДОКОЛКУ ИМАШ ПОТРЕБА ОД ПОМОШ И ПОДДРШКА, ОБРАТЕТЕ СЕ ДО:

ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА,
ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА
СОС ЛИНИЈА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e