Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го посети Момчило, вреден земјоделец кој одгледува аронија.
– Кога задоволни се земјоделците, ние сме уште позадоволни. Момчило е вреден земјоделец кој одгледува аронија, а преку ИПАРД програмата е поддржан во набавка на машина за берење аронија. Нема населено место низ државава каде нема ИПАРД табла. Тоа го докажуваме и покажуваме на секојдневните теренски активности. Земјоделците имаат верба во нас како институција и затоа сме лидери во регионот и први ја започнуваме ИПАРД 3 програмата. П.С. Сокот од аронија на Момчило е превкусен.Чаша полна здравје, посочи Николовски.