Заев за 4-годишнината од поплавите во Стајковци: Денес, запрени се непланското градење и игнорирање на локалната инфраструктура

Изминаа 4 години од катастрофалните поплави во Стајковци, Арачиново, Сингелиќ и Смилковци во кои загинаа луѓе и беа нанесени големи штети. Денес, запрени се непланското градење и игнорирање на локалната инфраструктура кои беа едни од причините за штетите од поплавите, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот ФБ профил.

Постојано вложуваме во вистинските приоритети на граѓаните и за кратко време постигнавме видливи резултати. Денес, државата, институциите покажуваат вистинска грижа за сите граѓани, во сите населени места.

Никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори трагедијата од Стајковци.- порача Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e