Заев: Извозот бележи раст од 34,6% во споредба со истиот период во 2020 година

Позитивните трендови во економијата продолжуваат, истакна премиерот Зоран Заев.

„Во периодот од јануари-јули 2021 вкупната вредност на извозот изнесува скоро 4 милијарди евра и бележи раст од 34,6% во споредба со истиот период во 2020 година.
Само во јули 2021 година, во споредба со јули 2020 година растот е 13,2%.
Вкупната трговска размена за иститот период изнесува 9.4 милијарди евра“, посочи Заев.

Заев нагласи дека Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

„Економските политики ги градиме на солидна база, планираме на долг рок, а резултатите се веќе евидентни и во услови на светска пандемија“, потенцираше Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e