Вратени на старите функции 14 раководни лица во МВР

Министерството за внатрешни работи извести дека од денеска, во согласност со законските одредби за функционирање на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица, кои беа сменети од екс-министерот Наќе Чулев. На своите позиции се враќаат, началникот на скопската полиција, Тони Јакимовски, на СВР Охрид, Сашо Смилески, во Штип должноста ја презема Марјан Коцев, во Битола Славко Јованоски.

На раководни функции повторно се Игор Каравиловски во Прилеп, Злате Јаневски во Велес и Танчо Пројковски во струмичката полиција, како и началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ.

Со специјалните единици пак ќе раководи Бранко Трајановски а командант на специјалците им е Митко Даневски.

Примислав Димовски продолжува на началничката функција во Интервентната единица (екс-алфа), а како помошници на министерот се враќаат Дејан Андонов и Марјан Здравковски.

Лазе Велковски пак, се враќа на должноста началник на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e