Министерот за здравство Венко Филипче ексклузивно гостува во студиото на Нова ТВ и директно ќе одговара на прашањата на граѓаните поврзани со коронавирусот. Досега на Фејсбук на Нова ТВ, на Твитер налогот на Нова ТВ и хаштагот #КоронаМК пристигнаа голем број прашања. Интересот е огромен. Прашања ќе може да поставувате до почетокот на разговорот, како и за време на интервјуто со првиот човек на македонското здравство.