Во заедничка акција на германската и македонската полиција запленета марихуана вредна 100.000 евра

Во заедничка координирана акција на територијата на СР Германија на почетокот на септември 2021 година, по интензивна меѓународна соработка помеѓу нашиот Оддел за организиран и сериозен криминал и надлежните германски служби за борба против недозволена трговија со дрога, реализиран е случај на недозволена трговија со дрога.

При тоа е запленета поголема количина на марихуана, со висок квалитет во вредност од преку 100.000 евра.

Од страна на надлежните германски служби за борба против дрога за сега лишено од слобода е едно лице, а истрагата продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e