Во сообраќајка во Скопје починало едно лице

На 12.01.2018 година околу 23,30 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски“, се случила сообраќајна незгода во која Г.С. (36) од с. Марино-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што удрил во метални столбчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра.

Во незгодата возачот Г.С. од здобиените повреди починал на лице место, додека сопатникот З.М. (38) од с.Марино-Скопје, се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинкса помош е пренесен во Ургентен центар – Скопје, каде е задржан на лекување на Клиниката за Трауматологија.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на судска медицина за обдукција, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e