Во Гостивар пронајдена дрога кај скопјанец и жителка на Ростуше

Вчера (16 мај) околу 17 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициска станица Гостивар извршиле претрес во стан на улица „Беличица” во Гостивар, во кој под кирија живееле 31-годишниот А.И. од Скопје и 34-годишната З.Р. од Ростуше.

При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се и од А.И. со потврда се одземени: 2 најлонски ќесиња со кокаин, 1 најлонско ќесе со марихуана, 1 алуминиумска фолија, извеснo количество кокаин истурен на мала маса, вилушка и лажица со остатоци од кокаин, 4 зипер – ќеси со остатоци од кокаин и тетратка со запишани иницијали и парични износи.

Сето пронајдено е фотодокументирано и ќе се вештачи. А.И. и З.Р. лишени се од слобода и задржани се за натамошно расчистување на случајот, соопшти денес СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e