Во април започнува пријавувањето за субвенции, новите земјоделци до 15 март да се запишат во ЕРЗС

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне почеток на април. Точниот датум ќе го соопшти Платежната агенција но она што е сигурно е доколку сте нов корисник на земјоделски субвенции, до 15 март треба да се запишете во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Доколку почнувате да се занимавате со земјоделско производство, за да може да станете корисник на финансиска поддршка за субвенции и мерките од рурален развој, прво што треба да направите е да се запишете во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Истото важи и за досегашните корисници доколку имате одредени промени во стопанството до 15 март треба да ги ажурирате податоците.

Тоа значи дека треба да отидете во подрачната единица на министерството за земјоделство, во местото на живеење евидентирано во личната карт, за да се запишете во ЕРЗС.

Барање за упис може да се поднесе секој работен во текот на годината. Образецот – барање како и листата на потребни документи се подигаат во подрачната единица на министерството каде и ќе ви помогнат околу целата постапка.

На овој начин, вие влегувате во систем како земјоделско стопанство и исполнувате еден од условите да станете корисник на субвенции и мерките од програмата за рурален развој.

Останува да ги следите и запазите роковите за пријавување за финансиска поддршка кои редовно ги соопштува Платежната агенција, а информации можете да добиете и во подрачните канцеларии на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извор: Агротим

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e